Пронајдени тела во опожарено возило и покрај него во Богданци
Од дневниот билтен на МВР од 04.11.2026
- Кога
- 03.11.2026 околу 18:40
- Времето е кога настанот е пријавен во полиција
- Каде
- Ичева чешма, Горно село, Богданци
- Населено место
- Вид
- Настан
- Надлежна полиција
- ОВР Гевгелија
- СВР Струмица
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРКај „Ичева чешма“, во Горно село во Богданци, бил пронајден починат 21-годишник покрај опожарено паркирано возило. По локализирањето на пожарот, во возилото било забележано и опожарено тело. По извршениот увид, телата се дадени на обдукција за утврдување на идентитетот и причините за смртта, а полицијата ги утврдува околностите.
Оригинален текст од МВР
На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од Богданци пријавил дека на место викано „Ичева чешма“, Горно село во Богданци забележал опожарено паркирано патничко возило, во чија близина има безживотно тело. Веднаш по пријавата полициски службеници од ПС ОН Гевгелија се упатени на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува збор за В.Г.(21) од Богданци. Од екипа на Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија била констатирана смрт. По локализирање на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита, било забележано дека во возилото има опожарено лице без знаци на живот. За настанот веднаш е известен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и извршен е увид. По насоки на Јавен обвинител телата се дадени на обдукција за утврдување на идентитет, односно утврдување на причините за смртта. Се преземаат мерки за утврдување на околностите и за целосно расчистување на случајот.