Кривична пријава против полициски службеници за фалсификување службен извештај
Од дневниот билтен на МВР од 30.10.2026
- Кога
- 13.10.2026
- Каде
- Радовиш
- Подрачје на полициска единица
- Вид
- Кривична пријава
- Надлежна полиција
- ОВР Радовиш
- СВР Струмица
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРПоднесена е кривична пријава против полициски службеници на возраст од 31 и 38 години од ОВР Радовиш поради сомнение за фалсификување службена исправа и соизвршителство. На 13.10.2026 изготвиле и приложиле службен извештај со невистинити податоци за контрола на седум возила. При разговори со наведените возачи било утврдено дека тој ден не биле запрени и контролирани од полициски службеници.
Оригинален текст од МВР
СВР Струмица-ОВР Радовиш, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против Б.Ч.(31) од село Конче, радовишко, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување службена исправа“ по член 361 и против Б.Б.(38) од Радовиш дека сторил кривично дело „соизвршителство“ по член 22, а во врска со „фалсификување службена исправа“ од Кривичниот законик. На 13.10.2026, пријавените, полициски службеници од ОВР Радовиш, изготвиле и приложиле службен извештај со невистинити податоци. Имено, по завршување на службената задача која им била доделена, подготвиле извештај во кој навеле период од смената во кој не постапувале по наредбата, а во делот за контролирани возила внеле податок дека имаат извршено контрола над седум возила. Таквиот извештај бил потпишан од одговорниот полициски службеник, првопријавниот Б.Ч.. Во прилог на писмениот извештај доставиле табеларен преглед во кој имале внесено податоци за контролирани возила со марка, регистарски ознаки и лице кое го управувало, а времето на контрола кај дел од возилата било во период за кој претходно сами писмено во извештајот навеле дека не постапувале по задачи од наредбата. Од дополнително преземените мерки и извршени разговори со лицата наведени како возачи е утврдено дека на тој датум не биле запрени и контролирани од полициски службеници.