Кривична пријава за злоупотреби при јавна набавка и прием на одземена жива стока
Од дневниот билтен на МВР од 04.11.2026
- Кога
- Објавено 04.11.2026
- Каде
- Подрачје на СВР Струмица
- Подрачје на полициска единица
- Вид
- Кривична пријава
- Надлежна полиција
- СВР Струмица
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРСВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице, неговиот управител и уште едно лице поради сомнение за злоупотреба на постапка за јавна набавка, откако во два наврати не извршиле квантитативен и квалитативен прием на одземена жива стока согласно договорот. Пријавен е и вработен во Агенцијата за управување со одземен имот, кој не побарал приемот да се изврши со соодветен записник.
Оригинален текст од МВР
СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Ново Село, струмичко, против управителот на правното лице, Т.Р.(46) и против К.Р.(68) од с. Просениково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката на јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и против Г.Г.(52), вработен во Агенција за управување со одземен имот од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Прво, второ и третопријавените во два наврати не извршиле квантитативен и квалитативен прием на одземена жива стока, согласно одредбите од склучениот договор за јавна набавка. Четвртопријавениот не побарал да се изврши квалитативен и квантитативен прием на жива стока, преку изготвување на соодветен записник.