192 .mk
Дрога · Трговија со дрога Вклучен малолетник

Кривична пријава против малолетник за неовластено производство и промет на дрога

Од дневниот билтен на МВР од 16.11.2026

Кога
09.12.2025
Каде
м.в. Горни водопад, на Каменичка Река
Подрачје на полициска единица
Вид
Кривична пријава
Надлежна полиција
ОВР Делчево
СВР Штип

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

Поднесена е кривична пријава против малолетник поради сомнение за неовластено производство и промет на дрога. На 09.12.2025, кај местото „Горни водопад“ на Каменичка Река, полицајци го забележале како фрла кеса во која биле пронајдени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и дигитална вага. Марихуана била пронајдена и одземена и при претрес во неговиот дом.

Оригинален текст од МВР

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против малолетник од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 09.12.2025 на место викано „Горни водопад“, на реката Каменичка, полициски службеници го забележале пријавениот како фрлил кеса, која е пронајдена и одземена и во неа биле најдени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и дигитална вага. Исто така, при извршен претрес во домот на пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

— МВР, Извадок на дел од дневните настани 16.11.2026 Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗