192 .mk

Кривична пријава за лихварство против 31-годишник

Од дневниот билтен на МВР од 21.11.2026

Кога
20.11.2026
Каде
Кочани
Подрачје на полициска единица
Општина Кочани →
Вид
Кривична пријава
Надлежна полиција
ОВР Кочани
СВР Штип
Кочани · Подрачје на полициска единица Сите настани во Кочани →

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 31-годишник осомничен за лихварство. Тој во два наврата му позајмил на едно лице вкупно 7.500 денари, со договор да му врати 12.500 денари, а како залог зел рачен часовник и мобилен телефон.

Оригинален текст од МВР

На 20.11.2026 ОВР Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против А.Д.(31) од Прилеп поради постоење на основано сомнение за извршено кривично дело „Лихварство“ предвидено и казниво по член 260 ст.2 в.в ст.1 од Кривичниот законик. Имено, А.Д. му дал пари на заем на едно лице, во два наврати во вкупен износ од 7,500 денари, со договор да му врати поголема сума на пари во износ од 12,500 денари, со намера да се стекне со несразмерна имотна корист, а како залог А.Д. од лицето земал и предмети, еден рачен часовник и еден мобилен телефон.

— МВР, Извадок на дел од дневните настани 21.11.2026 Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗