Бесправна сеча кај Калапетровци, малолетник тешко повреден при обид за бегство
Од дневниот билтен на МВР од 11.11.2026
- Кога
- 10.11.2026 околу 16:20
- Времето е кога настанот е пријавен во полиција
- Вид
- Настан
- Надлежна полиција
- СВР Штип
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРПолицијата лишила од слобода 19-годишник по бесправна сеча на огревни дрва на местото „Црн врв“ кај Калапетровци, во која учествувале и 22-годишник и 14-годишен малолетник. Возрасниот соучесник побегнал, а малолетникот при обид за бегство паднал и се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Клиничка болница Штип. Возилото и дрвата биле предадени на Шумска полиција, а известен е јавен обвинител и по документирањето ќе следуваат соодветни поднесоци.
Оригинален текст од МВР
На 10.11.2026 во 16:20 часот на место викано „Црн врв“ во атар на с.Калапетровци, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.К.(19) од Штип. Претходно, тој заедно со С.К.(22) и со 14-годишен малолетник, двајцата од Штип, извршиле бесправна сеча на огревни дрва, од кои дела биле натоварени во патничко возило „фолксваген голф“, а дел биле наредени и подготвени за товарање и транспорт. С.К.(22) побегнал од местото, а малолетникот при обид да избега паднал и се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Клиничка болница Штип. Возилото и дрвата биле предадени на Шумска полиција, а за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.