192 .mk

Посебен извештај против тројца малолетници за кражба на автомобил во Дебар

Од дневниот билтен на МВР од 30.10.2026

Кога
19.10.2026
Каде
Автоплац на ул. „Јусуф Грвала“, Дебар
Населено место
Вид
Кривична пријава
Надлежна полиција
ОВР Дебар
СВР Охрид
Кичево Дебарца Маврово и Ростуше Струга Центар Жупа Дебар
Дебар · Населено место Отвори во OpenStreetMap ↗

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

ОВР Дебар поднесе посебен извештај против тројца малолетници поради сомнение дека на 19.10.2026 од автоплац на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар одзеле „форд фиеста“, оставена незаклучена со клуч на брава. Со малолетниците биле извршени службени разговори во присуство на нивните родители и претставници на Центарот за социјални работи Дебар.

Оригинален текст од МВР

ОВР Дебар, до Основното јавно обвинителство Кичево, поднесе посебен извештај против тројца малолетни деца од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. На 19.10.2026 од автоплац на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, тие одзеле патничко моторно возило „форд фиеста“ со дебарски регистарски ознаки, сопственост на А.Г.(37) од Дебар, кое било оставено незаклучено со клуч на брава. По преземени мерки, малолетниците со нивни родители и претставници на Центарот за социјални работи Дебар се повикани во ОВР Дебар каде се извршени службени разговори.

— МВР, Извадок на дел од дневните настани 30.10.2026 Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗