Кривична пријава за кражба на мобилен телефон и пари од гости во хостел во Охрид
Од дневниот билтен на МВР од 28.10.2026
- Кога
- 26.10.2026
- Каде
- Хостел во Охрид
- Населено место
- Вид
- Кривична пријава
- Надлежна полиција
- СВР Охрид
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРСВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишен државјанин на Египет, осомничен дека на 26 октомври одзел мобилен телефон и пари од други гости во хостел во Охрид, каде што престојувал. Истиот ден во 14:00 часот бил лишен од слобода на автопатот Тетово–Скопје, а судија му одредил притвор во траење од осум дена.
Оригинален текст од МВР
СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Х.С.Ј.(36) од Египет поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Тој го сторил делото на 26.10.2026 во хостел во Охрид, каде престојувал, односно при згодна прилика одзел мобилен телефон и пари од други гости во хостелот, по што, избегал. По преземени мерки, истиот ден во 14:00 часот на автопатот Тетово-Скопје, полициски службеници од СВР Охрид, од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и семејно насилство и од СВР Тетово го лишил од слобода, по што од судија на претходна постапка од Основен суд Охрид му одреди мерка притвор во траење од осум дена.