Сексуални кривични дела · Сексуално злоставување на малолетник
Вклучен малолетник
Кривична пријава за производство и дистрибуција на детска порнографија
Од дневниот билтен на МВР од 21.10.2026
- Кога
- 20.10.2026
- Времето е кога настанот е пријавен во полиција
- Каде
- Подрачје на СВР Охрид
- Подрачје на полициска единица
- Вид
- Кривична пријава
- Надлежна полиција
- СВР Охрид
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРПоднесена е кривична пријава против 42-годишник поради сомнение за производство и дистрибуција на детска порнографија. При претрес во неговиот дом на 20 октомври, со судска наредба, полицијата одзела десктоп-компјутер и видеа со детска порнографија. Тој бил лишен од слобода и му бил одреден притвор од 30 дена.
Оригинален текст од МВР
Извадок на дел од дневните настани 21.10.2026Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен на 20.10.2026 со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид, во координација со полициските службеници од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, пронајдоа и одзедоа деск топ компјутер и видеа со експлицитни содржини од детска порнографија, по што веднаш го лишија од слобода, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗