Кривична пријава за несовесно работење во службата и кражба на огревно дрво во Дебрца
Од дневниот билтен на МВР од 24.10.2026
- Кога
- 26.09.2026
- Времето е кога настанот е пријавен во полиција
- Каде
- Кон селото Црвена Вода, општина Дебрца
- Населено место
- Вид
- Кривична пријава
- Надлежна полиција
- СВР Охрид
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРСВР Охрид поднесе кривична пријава против референт за превоз во Шумското стопанство „Галичица“ поради сомнение за несовесно работење во службата и против 45-годишник за кражба, откако референтот му предал чекан за жигосување дрва без соодветна контрола и не издал испратница. На 26 септември, кон селото Црвена Вода, полицијата го затекнала второпријавениот како со камион превезува 14 просторни метри огревно дабово дрво без документација, кое било одземено и предадено на шумското стопанство.
Оригинален текст од МВР
Извадок на дел од дневните настани 24.10.2026СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Ц.(44) од село Ботун, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против И.К.(45) од Битола за сторено кривично дело „кражба“. Првопријавениот, референт за превоз Шумско стопанство „Галичица“-Охрид, постапил спротивно на своите службени обврски и должности и му го предал чеканот за жигосување на второпријавениот и на тој начин му овозможил да го користи при сеча и обележување на дрвна маса без да обезбеди соодветна контрола и проверка на потеклото и не издал соодветна испратница за дрвната маса од местото на сеча до соодветниот магацински склад. На 26.09.2026, полициски службеници од СВР Охрид го затекнале второпријавениот како кон селото Црвена вода, општина Дебрца, со товарно моторно возило „сканиа“ со битолски регистарски ознаки врши транспорт на 14 метри просторни огревно дабово дрво без да поседува соодветна документација, по што ги одзеле и ги предале на претставници на Шумското стопанство „Галичица“.Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗