Кривична пријава за измама на 88-годишник во Струга за 300.000 денари
Од дневниот билтен на МВР од 27.09.2026
- Кога
- 06.08.2026
- Каде
- Струга
- Населено место
- Вид
- Кривична пријава
- Надлежна полиција
- ОВР Струга
- СВР Охрид
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРПоднесена е кривична пријава против 67-годишник и 42-годишник, осомничени дека во Струга измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари. Под ветување за награда, тие го убедиле да им ги даде парите, а како гаранција му оставиле чанта во која тврделе дека има околу 10.000 евра. Откако не се вратиле, оштетениот ја отворил чантата и утврдил дека во неа нема пари.
Оригинален текст од МВР
Извадок на дел од дневните настани 27.09.2026Надворешната канцеларија за криминалистчки работи Струга поднесе кривична пријава против А.С.(67) и Д.С.(42), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. На 06.08.2026 во Струга, пријавените довеле во заблуда 88-годишник и му одзеле 300.000 денари. Тие побарале од него да им донесе денари за да ги види сопругата на едниот од нив, која била од странска земја, а за возврат ќе го награделе. Тој ги донел парите и им ги дал, а тие како гаранција му дале чанта за која му кажале дека има околу 10.000 евра внатре. Пријавените заминале, а откако не се вратиле за половина час и оштетениот си заминал дома и кога ја отворил чантата видел дека нема пари во неа и сфатил дека е измамен.Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗