192 .mk
Напади и закани · Телесна повреда Вклучен малолетник Употребено оружје

Кривична пријава против полицајци за малтретирање малолетник во Охрид

Од дневниот билтен на МВР од 20.11.2026

Кога
29.07.2026 околу 05:05
Каде
Охрид
Населено место
Општина Охрид →
Вид
Кривична пријава
Надлежна полиција
Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Охрид · Населено место Сите настани во Охрид → Отвори во OpenStreetMap ↗

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

Поднесена е кривична пријава против полициски службеници од СВР Охрид и од Србија за малтретирање во вршење на службата. На 29 јули во Охрид, откако сопреле малолетник кој управувал мотоцикл без дозвола и се обидел да побегне, го фатиле и употребиле физичка сила, гумена палка и тврд предмет, нанесувајќи му повреди на повеќе делови од телото. За службениците од СВР Охрид се најавени дисциплинска постапка и суспензија.

Оригинален текст од МВР

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до ОЈО ГОКК- Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против С.С., Б.Г. и Ј.И. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. На 29.07.2026 околу 05:05 часот во Охрид, пријавените С.С. и Б.Г., полициски службеници од СВР Охрид и Ј.И., полициски службеник од Србија, при вршење на службени дејствија сопреле мотоцикл управуван од малолетник без дозвола, кој се обидел да побегне. Набргу го фатиле и кон него употребиле физичка сила, гумена палка и тврд предмет и му нанеле повреди на повеќе делови на телото. По наредба на ОЈО ГОКК, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави барање до надлежната служба за внатрешна контрола при МВР на Република Србија за вршење службен разговор со Ј.И.. Одделот за внатрешна контрола против полициските службеници С.С. и Б.Г. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работно место-суспензија.

— МВР, Извадок на дел од дневните настани 20.11.2026 Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗