Осум лица лишени од слобода за безобѕирно управување возило низ државата
Од дневниот билтен на МВР од 19.11.2026
- Кога
- 18.11.2026 – 19.11.2026
- Каде
- На различни локации во државата
- Повеќе локации
- Вид
- Збирен извештај
- Надлежна полиција
- —
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРВо изминатото деноноќие, на различни локации во државата, осум лица биле лишени од слобода за безобѕирно управување возило, поради возење под дејство на алкохол или со активна забрана. Еден од возачите под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода со телесни повреди. По документирањето на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Оригинален текст од МВР
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица управувале возило под дејство на алкохол, и тоа: М.И.(18), Х.Б.(18), Џ.С.(24) сите од Скопје, Е.А.(26) од с.Батинци, скопско и М.И.(40) од с.Пршовце, општина Теарце. Под дејство на алкохол управувале двајца возачи, и тоа: Н.С.(40) од Штип и А.С.(44) од Штип, кој предизивикал ѝ сообраќајна незгода со телесни повреди. Додека, пак, со активна мерка забрана, возило управувал Б.Д.(39) од с.Гошинце, липковско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.