Сопатник фрлил марихуана од возило што не запрело на полициски знак во Превалец
Од дневниот билтен на МВР од 18.11.2026
- Кога
- 17.11.2026 во 12:30
- Времето е кога настанот е пријавен во полиција
- Вид
- Настан
- Надлежна полиција
- СВР Велес
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРВо населбата Превалец во Велес, возач не запрел на полициски знак, а еден од сопатниците фрлил марихуана од прозорецот. Откако возилото запрело, лицата побегнале, но полицијата набргу ги пронашла сопатниците, 15-годишник и 18-годишник. Полнолетниот бил лишен од слобода, со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител, а по возачот се трага.
Оригинален текст од МВР
На 17.11.2026 во 12:30 часот во нас.Превалец во Велес, полициски службеници од СВР Велес дале знак за запирање патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од машко лице, во кое имало двајца сопатници, но возачот не го запрел возилот и продолжил со движење. Притоа, еден од сопатниците фрлил марихуана од прозорецот, по што возачот сопрел и лицата се дале во бегство. По кратко биле пронајдени сопатниците во возилото, 15-годишен малолетник и Т.М.(18), двајцата од Велес. Т.М. бил лишен од слобода, а со малолетникот во присуство на родител бил извршен службен разговор. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.