192 .mk

Шест лица лишени од слобода за безобѕирно управување возило низ државата

Од дневниот билтен на МВР од 18.11.2026

Кога
17.11.2026 – 18.11.2026
Каде
Различни локации во државата
Повеќе локации
Вид
Збирен извештај
Надлежна полиција
—

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

Во изминатото деноноќие, на различни локации во државата, шест лица биле лишени од слобода за безобѕирно управување возило. Три лица возеле со активна забрана за управување, две под дејство на алкохол, а возач на 30 години возел без положен возачки испит. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Оригинален текст од МВР

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода шест лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, три лица управувале патнички возила со активна мерка забрана за управување моторно возило управувале, и тоа: С.С.(35) од Кичево, Ш.Ф.(58) од с.Чичево, oпштина Градско и М.П.(42) од с.Стајковци, скопско. Две лица управувале возило под дејство на алкохол, и тоа: Б.С.(40) од Прилеп и Т.Л.(74) од Радовиш. Додека, пак, без положен возачки испит возел Е.Р.(30) од с.Морани, Општина Студеничани. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— МВР, Извадок на дел од дневните настани 18.11.2026 Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗