192 .mk
Сообраќај · Возење без возачка дозвола Вклучен малолетник Алкохол

Седум возачи приведени за безобѕирно управување возило низ државата

Од дневниот билтен на МВР од 17.11.2026

Кога
16.11.2026 – 17.11.2026
Каде
Различни локации низ државата
Повеќе локации
Вид
Збирен извештај
Надлежна полиција
—

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

Во изминатото деноноќие полицијата привела седум возачи и разговарала со родители на двајца малолетници поради безобѕирно управување возило. Случаите опфаќаат возење без положен возачки испит, под дејство на алкохол и со активна забрана за управување, а еден од возачите учествувал и во сообраќајна незгода. По документирањето на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Оригинален текст од МВР

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум возачи и извршија службени разговори со двајца малолетници поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, 21-годишната Т.С. од с.Глуво, скопско, Н.Т.(37) од с.Тисовица, Општина Зелениково и Е.Р.(37) од с.Черкези, кумановско. Додека, пак, службени разговори се извршени со родители на двајца 17-годишници од Градско и од с.Уланци, општина Градско, поради тоа што управувале мотоцикли без регистарски ознаки и пред да се стекна со право на управување. Под дејство на алкохол возеле З.Д.(40) од Битола и И.Г.(41) од Охрид, кој претходно учествувал и во сообраќајна незгода. Лицето А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско управувал патничко возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— МВР, Извадок на дел од дневните настани 17.11.2026 Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗