192 .mk

Приведени маж и малолетник за бесправна сеча во атарот на Мешеишта

Од дневниот билтен на МВР од 17.11.2026

Кога
16.11.2026 во 16:50
Времето е кога настанот е пријавен во полиција
Каде
Месност Копрница, атар на Мешеишта, општина Дебрца
Населено место
Општина Дебарца →
Вид
Настан
Надлежна полиција
СВР Охрид
Мешеишта, Дебарца · Населено место Сите настани во Дебарца → Отвори во OpenStreetMap ↗

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

Полицијата затекнала 38-годишен маж и 16-годишно момче како со моторна пила бесправно сечат дрва во месноста Копрница, во атарот на Мешеишта, и ги товарат во возила без регистарски таблички. Лицата се лишени од слобода, а огревното дрво и двете возила се одземени и предадени на Шумската полиција. По документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Оригинален текст од МВР

На 16.11.2026 во 16:50 часот во месноста „Копрница“, атар на с.Мешеишта, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Н.Т.(38) и 16 годишно момче, двајцата од селото Мешеишта. При извршени контроли, полициските службеници ги затекнаа двете лица како со моторна пила вршат бесправна сеча на дрва и ги товарат во патнички возила ,,опел фронтера“ и „сангјонг“, двете без регистарски таблички. Бесправно исеченото огревно дрво и двете возила се одземени и предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

— МВР, Извадок на дел од дневните настани 17.11.2026 Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗