Возач се обидел да удри шумски полицаец со автомобил во Желино
Од дневниот билтен на МВР од 14.11.2026
- Кога
- 13.11.2026 околу 13:40
- Вид
- Настан
- Надлежна полиција
- СВР Тетово
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРВо атарот на Желино, 53-годишен возач на „форд“ без регистарски ознаки, натоварен со огревни дрва, не застанал на знак од Шумската полиција, туку забрзал и се обидел да удри шумски полицаец, по што побегнал. Вечерта бил лишен од слобода, а по расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Оригинален текст од МВР
На 13.11.2026 во 21:00 часот во тетовско Желино, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода З.Џ.(53) од истото село. Тој се сомничи дека околу 13:40 часот во атарот на с.Желино со патничко возило „форд“ без регистарски ознаки, кое го управувал и кое било натоварено со огревни дрва, не застанал на даден знак од припадници на Шумската полиција, туку ја зголемил брзината и со возилото се обидел да удри еден шумски полицаец, по што побегнал. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.