Кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување
Од дневниот билтен на МВР од 13.11.2026
- Кога
- 01.01.2024 – 31.12.2024
- Каде
- Подрачје на СВР Битола
- Подрачје на полициска единица
- Вид
- Кривична пријава
- Надлежна полиција
- СВР Битола
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРСВР Битола поднесе кривична пријава против 69-годишен управител и правно лице поради сомнение за даночно затајување за 2024 година, преку прикажување расходи без веродостојна документација. По контрола, УЈП му наложила на правното лице да уплати 501.765 денари со пресметана камата.
Оригинален текст од МВР
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(69) од Битола и правно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „даночно затајување“. Првопријавениот, управител на правното лице, за 2024 година одбегнал делумно плаќање на данок на добивка, поточно прикажал расходи, а потоа во книговодствената евиденција не приложил веродостојна документација или спецификација на трошоци со која би се утврдило за кој период и за што се однесуваат прокнижените расходи. Од УЈП е извршена контрола и донесено е Решение со кое на правното лице му е наложено да изврши уплата на вкупна сума заедно со пресметана камата во износ од 501.765 денари.