67-годишник почина откако го прегази трактор на бензинска пумпа во Скопје
Од дневниот билтен на МВР од 13.11.2026
- Кога
- 12.11.2026 околу 12:30
- Времето е кога настанот е пријавен во полиција
- Каде
- Бензинска пумпа на ул. „Методија Андонов Ченто“, Скопје
- Само град
- Вид
- Настан
- Надлежна полиција
- СВР Скопје
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРНа бензинска пумпа на ул. „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, паркиран трактор сам се придвижил и со задното тркало прегазил 67-годишник кој стоел до него. Повредениот бил пренесен со тешки телесни повреди во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што во 20:30 часот починал. Увид извршила екипа на СВР Скопје.
Оригинален текст од МВР
На 12.11.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бензинска пумпа на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, 67-годишниот Р.К. од населба Сингелиќ, скопско, откако наполнил гориво и го паркирал тракторот „имт“ со прикачена работна машина со скопски регистарски ознаки, застанал до тракторот кој во еден момент сам се придвижил и со задното трклало го прегазил. Притоа, Р.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 20:30 часот починал. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.