Пријавено физичко насилство и принудување на полови дејствија од партнер
Од дневниот билтен на МВР од 12.11.2026
- Кога
- 10.11.2026
- Вид
- Настан
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРНа 5 ноември, 42-годишна жена пријавила малтретирање од партнерот, по што биле извршени службени разговори, тој бил предупреден, а таа била спроведена во прифатен центар за странци. На 10 ноември, Националната мрежа против семејно насилство пријавила дека партнерот ја принудувал на полови дејствија и физички ја напаѓал додека живееле во вонбрачна заедница. Со лекарски прегледи биле утврдени бременост и хематоми, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Оригинален текст од МВР
На 05.11.2026 во СВР Куманово, 42-годишна жена од Босна и Херцеговина, со живеалиште во кратовско село, пријавила дека била малтретирана од нејзиниот партнер И.Д.(46) од селото. Веднаш е постапено по пријавата и со неа и нејзиниот партнер бил извршен службен разговор, при што изјавила дека го слушнала И.Д. дека разговара со други жени и му побарала пари да си оди, но тој не ѝ дал и затоа пријавила. Тој бил предупреден, а таа била спроведена во прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка. На 10.11.2026 во ОВР Кратово, од Националната мрежа против семејно насилство било пријавено дека, додека живееле во вонбрачна заедница, И.Д. ја принудувал на полови дејствија и физички ја напаѓал, а по извршени лекарски прегледи било утврдено дека е бремена и дека има хематоми на некои делови од телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.