192 .mk

Осум возачи лишени од слобода за безобѕирно управување на различни локации во државата

Од дневниот билтен на МВР од 12.11.2026

Кога
11.11.2026 – 12.11.2026
Каде
Различни локации во државата
Повеќе локации
Вид
Збирен извештај
Надлежна полиција
—

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

Во изминатото деноноќие полицијата лишила од слобода осум возачи: шест возеле без положен возачки испит, меѓу кои и двајца 17-годишници, а останатите возеле со активна забрана за управување. Со 14-годишник кој управувал мопед без возачка дозвола бил извршен службен разговор во присуство на родител. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Оригинален текст од МВР

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Р.(36) од с.Слатино, тетовско, З.С.(34) од Кичево, 40-годишната Д.Т. од с.Миравци, гевгелиско, Е.Б.(24) и двајца 17-годишници, сите од Скопје. Додека, пак, со 14-годишник од Велес, во присуство на родител бил извршен службен разговор поради тоа што управувал мопед без возачка дозвола. В.К.(44) од Скопје и Н.С.(26) од Охрид управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— МВР, Извадок на дел од дневните настани 12.11.2026 Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗