192 .mk

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило

Од дневниот билтен на МВР од 11.11.2026

Кога
10.11.2026 – 11.11.2026
Каде
Различни локации во државата
Повеќе локации
Вид
Збирен извештај
Надлежна полиција
—

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

Во изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полицијата лишила од слобода шест возачи: четири лица возеле без положен возачки испит, еден возач бил под дејство на алкохол, а еден возел со активна забрана за управување. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Оригинален текст од МВР

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода шест возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.И.(29) од Сарај, С.Б.(49) од с.Јурумлери, скопско, А.А.(23) од Струга и И.М.(37) од с.Стојаково, Општина Богданци. Под дејство на алкохол возел Р.Ш.(49) од Кукуречани, битолско, додека со изречена активна забрана за управување на возило Л.К.(35) од с.Велешта, струшко. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— МВР, Извадок на дел од дневните настани 11.11.2026 Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗