Осум возачи лишени од слобода за безобѕирно управување на различни локации во државата
Од дневниот билтен на МВР од 09.11.2026
- Кога
- 08.11.2026 – 09.11.2026
- Каде
- Различни локации во државата
- Повеќе локации
- Вид
- Збирен извештај
- Надлежна полиција
- —
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРВо изминатото деноноќие, полицијата лишила од слобода осум возачи за безобѕирно управување со моторно возило. Четири лица возеле без положен возачки испит, дел возеле под дејство на алкохол, а две лица управувале со активна забрана, од кои едно и во спротивна насока. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Оригинален текст од МВР
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: В.П.(45) од Скопје, Н.Е.(56) од с.Морани, скопско, А.А.(35) од с.Студеничани, скопско и Т.Б.(20) од Турција, со престој во Тетово. Под дејство на алкохол возеле Г.Н.(35) од Пробиштип и Х.Ј.(30) од Битола, додека со активна забрана за управување возило две лица: Н.А.(22) од Скопје и Д.Б.(40) од Штип, кој го управувал возилото и во спротивна насока. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.