Жена нападната и избркана од семејниот дом во Гази Баба, сопругот приведен
Од дневниот билтен на МВР од 01.11.2026
- Кога
- 31.10.2026 околу 17:30
- Вид
- Настан
- Надлежна полиција
- СВР Скопје
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР39-годишен маж е лишен од слобода по пријава дека во семејниот дом во Гази Баба физички ја нападнал својата 39-годишна сопруга, ѝ се заканувал и ја избркал од домот. Според пријавата, таа со години трпела психичко и физичко малтретирање од сопругот. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Оригинален текст од МВР
На 31.10.2026 во 21:55 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода М.М.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден околу 17:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнал неговата 39-годишна сопруга, на која и упатувал закани и ја истерал од семејниот дом. Според пријавеното, пријавителката изминатите години била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.