Малолетник тешко повреден во навивачка тепачка пред СЦ „Јане Сандански“ во Скопје
Од дневниот билтен на МВР од 01.11.2026
- Кога
- 31.10.2026 околу 23:00
- Времето е кога настанот е пријавен во полиција
- Каде
- пред Спортскиот центар „Јане Сандански“, Скопје
- Само град
- Вид
- Настан
- Надлежна полиција
- СВР Скопје
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРПред Спортскиот центар „Јане Сандански“ навивачи на „Фемили Аеродром“ физички нападнале навивачи на КК „Работнички“ кои чекале да влезат на кошаркарски натпревар. Во тепачката тешко бил повреден 16-годишник, кој бил пренесен во Ургентниот центар. Полицијата привела 18-годишник поради повикување, поттикнување и учество во тепачката и презема мерки за расчистување на случајот.
Оригинален текст од МВР
На 31.10.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.М.(18) од Скопје, поради учество во тепачка пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, за време на одигрување на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на КК „Скопје 2023“ и КК „Работнички“. Според пријавеното, М.М., како член на навивачката група „Фемили Аеродром“, повикувал, поттикнувал и учествувал во тепачка, во која група од околу 30 навивачи на „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар. Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.