Шест возачи лишени од слобода за безобѕирно управување на различни локации во државата
Од дневниот билтен на МВР од 29.10.2026
- Кога
- 28.10.2026 – 29.10.2026
- Каде
- На различни локации во државата
- Повеќе локации
- Вид
- Збирен извештај
- Надлежна полиција
- —
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРВо изминатото деноноќие, полицијата лишила од слобода шест возачи: четири лица возеле без положен возачки испит, возач бил под дејство на алкохол, а друг возел со активна забрана за управување. Од возачите без положен испит, 37-годишник претходно учествувал во сообраќајна незгода. По документирањето на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Оригинален текст од МВР
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода шест возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Ф.К.(32) од с.Страхојадица, скопско, З.Ј.(18) и К.Б.(18), двајцата од Скопје и А.А.(37) од Кочани, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода. Под дејство на алкохол возел Г.Ј.(44) од с.Оризари, кочанско. Додека, С.П.(50) од Охрид управувал возило, иако имал изречена активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.