192 .mk

Одземени огревни дрва без соодветна документација во атарот на Возарци

Од дневниот билтен на МВР од 29.10.2026

Кога
28.10.2026 во 12:30
Времето е кога настанот е пријавен во полиција
Каде
атар на село Возарци, кавадаречко
Населено место
Вид
Настан
Надлежна полиција
ОВР Кавадарци
СВР Велес
Берово Битола Валандово Василево Прилеп Радовиш Богданци Босилово Гевгелија Градско Демир Капија Долнени Дојран Конче Кривогаштани Македонски Брод Могила Неготино Новаци Росоман Струмица Чашка Штип Кавадарци
Возарци, Кавадарци · Населено место Отвори во OpenStreetMap ↗

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

При контрола на товарно возило управувано од 36-годишник во атарот на селото Возарци, полицијата утврдила дека се превезува повеќе огревно дрво од количината опфатена со документацијата. Дрвата биле одземени и предадени на ЈП „Национални шуми“, подружница Кавадарци. Известен бил јавен обвинител, а по документирањето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Оригинален текст од МВР

На 28.10.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, во координација со Шумска полиција, во атар на село Возарци, кавадаречко, извршија контрола на товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(36) од Кавадарци, кое било натоварено со огревни дрва. По преземени мерки било констатирано дека во возилото има натоварено повеќе огревно дрво од количината за која З.Ѓ. поседувал документација. Дрвата биле одземени и предадени во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Кавадарци, за понатамошна постапка. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

— МВР, Извадок на дел од дневните настани 29.10.2026 Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗