Пронајдена марихуана во автомобил во Штип, приведен 36-годишен возач
Од дневниот билтен на МВР од 28.10.2026
- Кога
- 27.10.2026 во 21:50
- Времето е кога настанот е пријавен во полиција
- Каде
- Штип
- Населено место
- Вид
- Настан
- Надлежна полиција
- СВР Штип
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРПри преглед и контрола на автомобил „сеат“ во Штип, полицијата пронашла и одзела марихуана и го лишила од слобода 36-годишниот возач. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
Оригинален текст од МВР
На 27.10.2026 во 21:50 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода Р.А.(36) од Штип. При преглед и контрола во патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.