192 .mk Мапа на криминалот во Македонија

Седум возачи лишени од слобода за безобѕирно управување возило низ државата

Од дневниот билтен на МВР од 26.10.2026

Кога
25.10.2026 – 26.10.2026
Каде
Различни локации во државата
Повеќе локации
Вид
Збирен извештај
Надлежна полиција
—

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

Во изминатото деноноќие, на различни локации во државата, седум возачи биле лишени од слобода за безобѕирно управување возило. Четворица возеле без положен возачки испит, а останатите под дејство на алкохол или со активна забрана за управување возило. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Оригинален текст од МВР

Извадок на дел од дневните настани 26.10.2026
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода седум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, четворица управувале возило без положен возачки испит и тоа: В.К.(24) и К.Е.(42) двајцата од Скопје, Б.О.(62) од Куманово и А.Ј.(18) од с.Боротино, општина Кривогаштани. Под дејство на алкохол возеле Г.З.(34) од с.Косевица, општина Македонска Каменица и М.В.(41) од с.Пчиња, кумановско, кој имал и активна забрана за управување на возило. Додека, пак, Ф.В.(28) од Скопје, управувал патничко возило со активна забрана за управување на возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗