192 .mk Мапа на криминалот во Македонија
Оружје и експлозиви · Пукање Вклучен малолетник

Малолетник ранет при пукање со пиштол во Боговиње

Од дневниот билтен на МВР од 25.10.2026

Кога
24.10.2026 околу 13:45
Каде
с. Боговиње, тетовско
Населено место
Вид
Настан
Надлежна полиција
СВР Тетово
Јегуновце Желино Брвеница Врапчиште Гостивар Македонски Брод Теарце Тетово Боговиње
Боговиње · Населено место Отвори во OpenStreetMap ↗

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

Во Боговиње, 15-годишник бил ранет во стомакот со куршум од пиштол и бил донесен во Клиничкиот центар Тетово. Подоцна се самопријавиле 42-годишен татко и неговиот 16-годишен син и предале пиштол со празна рамка; според таткото, пиштолот го носел неговиот син и испукал од невнимание. По извршениот увид, 16-годишникот е задржан за понатамошна постапка, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Оригинален текст од МВР

Извадок на дел од дневните настани 25.10.2026
На 24.10.2026 во 14:10 часот во СВР Тетово, од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив со прострелна рана во пределот на стомакот бил донесен 15 - годишен малолетник од с.Боговиње, тетовско. Подоцна, во Полициската станица Тетово се самопријавиле С.М.(42) и неговиот 16-годишен син, двајцата од с.Боговиње, кои предале пиштол со една празна рамка. Според изјавата на С.М., настанот се случил околу 13:45 часот во с.Боговиње, при што од невнимание дошло до испукување на еден куршум од пиштолот, кој го носел неговиот малолетниот син. Извршен е увид во присуство на јавен обвинител од ОЈО Тетово и претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Малолетникот е задржан за понатамошна постапка и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗