192 .mk Мапа на криминалот во Македонија
Сообраќај · Бегство од место на несреќа Тешки телесни повреди Алкохол

Возач под дејство на алкохол избегал по несреќа со тешко повреден сопатник во Виница

Од дневниот билтен на МВР од 23.10.2026

Кога
22.10.2026 околу 20:45
Времето е кога настанот е пријавен во полиција
Каде
крстосница на ул. „Маршал Тито“ и ул. „Ленинова“, Виница
Улица
Вид
Настан
Надлежна полиција
ОВР Виница
СВР Штип
Берово Карбинци Пробиштип Радовиш Делчево Зрновци Кочани Кратово Македонска Каменица Пехчево Чешиново-Облешево Штип Виница
Виница · Улица Отвори во OpenStreetMap ↗

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

На крстосницата на улиците „Маршал Тито“ и „Ленинова“ во Виница се судриле две возила „ауди“, при што 58-годишен сопатник се здобил со тешки телесни повреди, а возачот на истото возило и сопатниците на возраст од 39 и 54 години се здобиле со телесни повреди. Возачот (24) на другото возило го напуштил местото, но бил пронајден и лишен од слобода, а при проверката му биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта. Полицијата извршила увид и најавила соодветна пријава.

Оригинален текст од МВР

Извадок на дел од дневните настани 23.10.2026
На 22.10.2026 околу 20:45 часот во ОВР Виница било пријавено дека на крстосница од ул.„Маршал Тито“ со ул.„Ленинова“ во Виница се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, управувано од Д.П.(42) од Виница и патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, управувано од П.П.(24) од с.Лески, виничко, кој по несреќата го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.П.(58) од Виница, сопатник од возилото „ауди“, кое го управувал Д.П. кој се здобил со телесни повреди, како и сопатниците, 39-годишната И.П. и Е.П.(54), констатирани во Итна медицинска помош Кочани и Клиничка болница Штип. По преземени мерки, возачот П.П. е пронајден и лишен од слобода, а при извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Виница и по целосно документирање на настанот, против П.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗