192 .mk Мапа на криминалот во Македонија

Седум возачи приведени за возење без положен испит, со малолетник извршен службен разговор

Од дневниот билтен на МВР од 22.10.2026

Кога
21.10.2026 – 22.10.2026
Каде
На различни локации во државата
Повеќе локации
Вид
Збирен извештај
Надлежна полиција
СВР Велес

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

Во изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полицијата лишила од слобода седум возачи кои управувале возило без положен возачки испит, меѓу кои имало и малолетници. СВР Велес извршил службен разговор со 17-годишник, во присуство на бранител, поради управување мотоцикл без возачка дозвола. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Оригинален текст од МВР

Извадок на дел од дневните настани 22.10.2026
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум возачи, а со еден извршија службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Сите лишени лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.С.(28) и 17-годишник, двајцата од Скопје, А.А.(20) од с.Арачиново, скопско, 17-годишник од с.Орешани, општина Зелениково, Џ.В.(24) од Битола, Б.М.(24) од с.Добовјани, струшко и 16-годишник од с.Мала Речица, тетовско. Додека, пак, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 17-годишник од Велес, во присуство на бранител, поради тоа што управувал мотоцикл без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗