192 .mk Мапа на криминалот во Македонија
Сообраќај · Сообраќајна несреќа Тешки телесни повреди

Тешко повреден возач во судир на автобус и автомобил на скопската обиколница

Од дневниот билтен на МВР од 21.10.2026

Кога
20.10.2026 околу 17:00
Времето е кога настанот е пријавен во полиција
Каде
Скопска обиколница, пред клучката Приштина
Само град
Вид
Настан
Надлежна полиција
СВР Скопје

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

На скопската обиколница, пред клучката Приштина, се судриле автобус и автомобил „мерцедес“, двата со косовски национални ознаки. Со тешки телесни повреди се здобил 77-годишниот возач на автомобилот, а со телесни повреди 31-годишен патник во автобусот. Увид извршила екипа на СВР Скопје.

Оригинален текст од МВР

Извадок на дел од дневните настани 21.10.2026
На 20.10.2026 околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, пред клучка Приштина, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со косовски национални ознаки, управуван од Б.М.(68) од Гостивар и патничко возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки, управувано од М.И.(77) од Косово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 77-годишниот возач на патничкото возило, додека со телесни повреди се здобил патникот од автобусот С.У.Б.(31) од Гостивар, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ и Комплекс клиники Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗