Осум возачи лишени од слобода за безобѕирно управување на различни локации во државата
Од дневниот билтен на МВР од 19.10.2026
- Кога
- 18.10.2026 – 19.10.2026
- Каде
- Различни локации во државата
- Повеќе локации
- Вид
- Збирен извештај
- Надлежна полиција
- —
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРПолицијата лишила од слобода осум возачи на различни локации во државата во изминатото деноноќие. Четири лица возеле без положен возачки испит, а останатите под дејство на алкохол или со многу поголема брзина од дозволената. По документирањето на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Оригинален текст од МВР
Извадок на дел од дневните настани 19.10.2026Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.Р.(18), Б.Р.(26) и Б.К.(33), сите од Скопје и А.Ш.(24) од с.Мала Речица, тетовско. Под дејство на алкохол возеле Е.Ј.(61) од Виница и В.П.(61) од Гевгелија. Додека пак, В.Ж.(57) и 36-годишната Н.З., двајцата од Србија, управувале патнички возила со многу поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗