Пријавени кражба и три обиди за провала во верски објекти во Тетово
Од дневниот билтен на МВР од 18.10.2026
- Кога
- 16.10.2026 – 17.10.2026
- Каде
- Верски објекти „Фирдеус“, „Големата џамија“ и „Ески“, Тетово
- Повеќе локации
- Вид
- Збирен извештај
- Надлежна полиција
- СВР Тетово
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРВо СВР Тетово се пријавени три обиди за тешка кражба и една кражба во верски објекти, со настани на 16 и 17 октомври. Во објектите „Фирдеус“, „Големата џамија“ и „Ески“ биле опишани обиди за насилно отворање прозорец, врати и сеф. На 17 октомври во 12:30 часот, на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово е лишен од слобода 35-годишник поради сомнение за тешка кражба и тешка кражба во обид, а по документирањето ќе следува соодветна пријава.
Оригинален текст од МВР
Извадок на дел од дневните настани 18.10.2026На 17.10.2026 во СВР Тетово се пријавени три обиди за тешка кражба и една кражба на 16.10.2026 во верски објекти на подрачјето на градот. Во верски објект „Фирдеус“ на ул. „Ван Вардарска“, во периодот од 16.10.2026 и 17.10.2026 непознат сторител со употреба на физичка сила насилно го отворил прозорецот од подрумските простории и се обидел да ја отвори подрумската врата, по што го напуштил местото. Во „Големата џамија“ на ул. „Горна Чаршија“, околу 05:30 часот, едно лице влегло во објектот, се обидело да го пронајде клучот, а потоа со метален предмет се обидело да ја оштети и отвори вратата, по што се оддалечило. Во „Ески“ џамијата на ул. „Пробиштипска“, одговорното лице А.Б. (38) од Тетово пријавило дека непознато лице се обидело да го отвори и оштетил металниот сеф, кој бил пронајден поместен под столиците. По преземени оперативни мерки од страна полициски службеници од СВР Тетово, на 17.10.2026 година во 12:30 часот на ул. „Борис Кидрич“ во Тетово е лишен од слобода Д.С. (35) од с.Јеловјане, поради основано сомнение за сторено кривични дела ,,Тешка крашба“ и „Тешка кражба во обид“ казниво по член 235 од КЗ. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗