192 .mk Мапа на криминалот во Македонија

Кривична пријава против полициски службеник за возење без положен возачки испит

Од дневниот билтен на МВР од 17.10.2026

Кога
01.10.2026
Каде
Непознато место
Непознато
Вид
Кривична пријава
Надлежна полиција
Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

Поднесена е кривична пријава против полициски службеник кој на 01.10.2026, надвор од работното време, управувал автомобил без положен возачки испит и со истечена сообраќајна дозвола. Внатрешната контрола поднела и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

Оригинален текст од МВР

Извадок на дел од дневните настани 17.10.2026
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОJO поднесе кривична пријава против Ш.А. поради постоење основи на сомнение за сторно кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Пријавениот, полициски службеник во Полициската станица Драчево при СВР Скопје, надвор од работно време, на 01.10.2026 управувал патничко моторно возило со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола и без положен возачки испит и како учесник во јавниот сообраќај не се придржувал до прописите за безбедноста во сообраќајот и со тоа управувал моторно возило на безобѕирен начин. Одделот за внатрешна контрола против Ш.А. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.
Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗