192 .mk Мапа на криминалот во Македонија

Кривична пријава против фирма и управител за недозволена трговија со хемикалии

Од дневниот билтен на МВР од 17.10.2026

Кога
од 01.01.2020
Каде
Подрачје на СВР Струмица
Подрачје на полициска единица
Вид
Кривична пријава
Надлежна полиција
СВР Струмица

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице и неговиот 50-годишен управител поради сомнение за недозволена трговија со хемикалии од поголема вредност во периодот од 2020 до 2026 година. Според пријавата, тие неовластено увезувале, складирале и продавале хемикалии со ограничен промет, без потребните одобренија и дозволи и без фирмата да биде впишана во регистарот на увозници на такви хемикалии.

Оригинален текст од МВР

Извадок на дел од дневните настани 17.10.2026
СВР Струмица поднесе Кривична пријава до ОЈО Струмица против правен субјект и Н.Б.(50) од Струмица во времето на сторување на кривичното дело-управител со неограничено овластување во внатрешниот и надворешниот трговски промет, поради основано сомнение дека пријавеното правно лице и пријавеното одговорно лице во правниот субјект сториле кривично дело „недозволена трговија“ по чл. 277 ст.4 и 1 вв.чл.45 од КЗ на РСМ. Првопријавениот правен субјект и второпријавениот во својство на управител без ограничувања на првопријавениот правен субјект, во периодот од 2020 до 2026 година неовластено вршеле увоз, складирање и продажба на предмети и стоки чиј промет е ограничен, односно се занимавале со недозволена трговија со хемикалии од поголема вредност за чиј промет се потребни одобренија за вршење на промет на големо како и посебни дозволи за увоз. Со таквите дејствија пријавените со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на исто односно продолжено кривично дело, на начин што делата ги сториле искористувајќи ист траен однос, исти прилики и активности, односно во повеќе наврати извршиле неовластена купопродажба на хемикалии чиј промет е ограничен, без притоа да ги поседуваат потребните одобренија и решенија за промет на големо со истите, без воопшто да биде поднесено барање за добивање на потребните одобренија, решенија или дозволи за увоз и без пријавеното правно лице да биде впишано во регистарот на увозници на такви хемикалии.
Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗