192 .mk Мапа на криминалот во Македонија
Сообраќај · Возење без возачка дозвола Вклучен малолетник Алкохол

Осум возачи лишени од слобода за безобѕирно возење низ државата

Од дневниот билтен на МВР од 16.10.2026

Кога
15.10.2026 – 16.10.2026
Каде
Различни локации во државата
Повеќе локации
Вид
Збирен извештај
Надлежна полиција
—

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

Во изминатото деноноќие, на различни локации во државата, осум возачи биле лишени од слобода за безобѕирно управување возило. Шест возеле без положен возачки испит, меѓу нив и малолетници, еден возел со брзина поголема од дозволената, а еден под дејство на алкохол. По документирањето на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Оригинален текст од МВР

Извадок на дел од дневните настани 16.10.2026
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест управувале возило без положен возачки испит и тоа: С.С.(32) и Б.Р.(27), двајцата од Скопје, Ш.К.(23) од с.Арачиново, скопско, З.И.(19) и 17-годишник, двајцата од с.Студеничани, скопско и 17-годишник од Прилеп. Со брзина поголема од дозволената возел В.Б.(27) од с.Врапчиште, гостиварско, а под дејство на алкохол возел Б.Ј.(70) од Скопје. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗