192 .mk Мапа на криминалот во Македонија

Кривична пријава против полицаец за пукање во воздух со службен пиштол во Кратово

Од дневниот билтен на МВР од 14.10.2026

Кога
01.08.2026
Каде
Пред угостителски објект и на плоштадот во Кратово
Населено место
Вид
Кривична пријава
Надлежна полиција
Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Пробиштип Ранковце Виница Кочани Крива Паланка Куманово Македонска Каменица Свети Николе Старо Нагоричане Кратово
Кратово · Населено место Отвори во OpenStreetMap ↗

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

Полицаец е кривично пријавен за предизвикување општа опасност откако на 01.08.2026, надвор од работно време, во два наврати испукал повеќе куршуми во воздух со службениот пиштол, пред угостителски објект и на плоштадот во Кратово. Внатрешната контрола најави дисциплинска постапка и суспензија до нејзиното завршување.

Оригинален текст од МВР

Извадок на дел од дневните настани 14.10.2026
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.Н. поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Пријавениот, вработен во Одделот за специјални полициски операции при МВР, на 01.08.2026, надвор од работно време, во два наврати, пред угостителски објект и на плоштадот во Кратово, испукал повеќе куршуми во воздух од службениот пиштол кој го должел. Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка - суспензија.
Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗