Кривична пријава за злоупотреба при продажба на дрвни сортименти во Свети Николе
Од дневниот билтен на МВР од 12.10.2026
- Кога
- 01.07.2023 – 30.11.2023
- Каде
- Свети Николе
- Населено место
- Вид
- Кривична пријава
- Надлежна полиција
- ОВР Свети Николе
- СВР Штип
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРПоднесена е кривична пријава против 62-годишен директор на подружницата „Шумарство“ во Свети Николе на ЈП „Национални шуми“. Од јули до ноември 2023 година, тој наводно склучил три договори за продажба на дрвни сортименти без претходна постапка, утврдени критериуми и транспарентен и конкурентен избор, со што на правно лице од велешко му овозможил противправна имотна корист од 3.422.592 денари.
Оригинален текст од МВР
Извадок на дел од дневните настани 12.10.2026Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Б.И.(62) Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, како директор на ЈП „Национални шуми“ - подружница Шумско стопанство „Шумарство“ - Свети Николе, од јули до ноември 2023 година склучил три договори за купопродажба на дрвни сортименти без претходно спроведена постапка, без однапред утврдени критериуми и без обезбедување на транспарентен и конкурентен избор на правно лице, со што му овозможил на правно лице од велешко да се стекне со противправна имотна корист од 3.422.592 денари.Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗