192 .mk Мапа на криминалот во Македонија

Пешак загина кај Штипска клучка на автопатот Градско–Велес, возачот побегнал

Од дневниот билтен на МВР од 06.10.2026

Кога
05.10.2026 околу 05:30
Времето е кога настанот е пријавен во полиција
Каде
Штипска клучка, автопат Градско–Велес
Подрачје на полициска единица
Вид
Настан
Надлежна полиција
СВР Велес

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

На автопатот Градско–Велес, кај Штипска клучка, патничко возило удрило во 77-годишен пешак, кој починал на местото, а возачот го напуштил местото со возилото. Извршен е увид, телото е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Оригинален текст од МВР

Извадок на дел од дневните настани 06.10.2026
На 05.10.2026 околу 05:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопатот Градско-Велес, на место викано „Штипска клучка“, патничко возило удрило во пешакот С.М.(77) од с.Мамутчево, велешко, по што возачот со возилото го напуштил местото. Oд здобиените повреди, пешакот С.М. починал на местото, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗