Економски криминал и шверц · Бесправна сеча
Вклучен малолетник
Приведен маж со бесправно исечени дрва во атарот на Голозинци
Од дневниот билтен на МВР од 03.10.2026
- Кога
- 02.10.2026 во 17:40
- Времето е кога настанот е пријавен во полиција
- Каде
- м.в. Мелничка Река, атар на Голозинци, општина Чашка
- Населено место
- Вид
- Настан
- Надлежна полиција
- СВР Велес
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРПолицијата привела 35-годишник кој кај местото „Мелничка Река“ управувал нерегистриран трактор со приколка натоварена со огревни дрва без жиг, боја и документација, а сопатник бил 17-годишник. На теренот била пронајдена дополнителна количина бесправно исечени дрва, а било утврдено и дека возачот немал возачка дозвола. Тракторот и дрвата биле одземени и предадени на шумската полиција, а по документирањето ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Оригинален текст од МВР
Извадок на дел од дневните настани 03.10.2026На 02.10.2026 во 17:40 часот во атар на село Голозинци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка го лишија од слобода С.А.(35) од село Мелница, општина Чашка. Кај место викано „Мелничка Река“ бил сопрен трактор „форд“ без регистарски ознаки со приколка, управуван од С.А., а сопатник бил 17-годишен малолетник од Мелница, натоварени со огревни дрва без жиг и боја и без соодветна документација. По пребарување на теренот каде била извршена нелегална сеча, била пронајдена дополнителна количина бесправно исечени дрва. Исто така, по извршени проверки било констатирано дека С.А. го управувал тракторот без да поседува возачка дозвола. По насоки од јавен обвинител тракторот и дрвата биле одземени и предадени на шумска полиција за понатамошна постапка. С.А. бил приведен во полициска станица и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗