Кражби и разбојништва · Провална кражба
Употребено оружје
Приведени повеќе лица по обид за тешка кражба во напуштен објект во неготинско
Од дневниот билтен на МВР од 02.10.2026
- Кога
- 01.10.2026
- Каде
- Напуштен објект во неготинско; приведувања и во Неготино
- Населено место
- Вид
- Настан
- Надлежна полиција
- ОВР Неготино
- СВР Велес
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРПолицијата затекнала повеќе лица кои со алат се обиделе да одземат предмети од напуштен објект во неготинско, по што се дале во бегство. Полициските службеници испукале предупредувачки истрели во воздух, а набргу на местото и на неколку локации во Неготино биле приведени осомничените. Од нив се одземени предмети, а по расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Оригинален текст од МВР
Извадок на дел од дневните настани 02.10.2026На 01.10.2026, полициски службеници од ОВР Неготино презедоа мерки и активности со цел откривање на сторители на кривично дело, постапувајќи по претходна пријава за „тешка кражба“ во напуштен објект во неготинско. Притоа, во кругот на објектот биле затекнати неколку лица, кои со употреба на алат се обиделе да одземат предмети, а откако ги забележале полициските службеници се дале во бегство, при што полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели во воздух. Набргу, на местото и на неколку локации во Неготино, од слобода се лишени Е.Ф.(31), Б.Ф.(28) и Е.Ф.(32) од село Паликура, росоманско, Ѓ.У.(32), Д.И.(33) и Н.Ц.(38) од Градско и В.В.(31) од село Подлес, Општина Градско. Тие биле задржани во полициска станица, од нив се одземени предмети и по целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗