192 .mk Мапа на криминалот во Македонија

Осум возачи лишени од слобода за безобѕирно управување возило низ државата

Од дневниот билтен на МВР од 01.10.2026

Кога
30.09.2026 – 01.10.2026
Каде
На различни локации низ државата
Повеќе локации
Вид
Збирен извештај
Надлежна полиција
—

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

Во изминатото деноноќие, на различни локации во државата, осум возачи биле лишени од слобода. Седум управувале без положен возачки испит, од кои еден бил и под дејство на алкохол, додека 61-годишен возач под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Оригинален текст од МВР

Извадок на дел од дневните настани 01.10.2026
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.А.(18) од с.Арачиново, скопско, С.Р.(31) од с.Сарај, скопско, Б.А.(31) од с.Долна Лешница, Општина Желино, Д.А.(21) од с.Неготино, гостиварско, Џ.М.(48) од Гостивар, Д.М.(24) од с.Чајле, гостиварско и А.М.(39) од Кавадарци, кој бил и под дејство на алкохол. Додека пак, М.Ј.(61) од Свети Николе управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗