192 .mk Мапа на криминалот во Македонија

Тројца полски државјани приведени за неовластено влегување во воени магацини во Еребино

Од дневниот билтен на МВР од 30.09.2026

Кога
28.09.2026
Каде
Воени магацини во местото Еребино
Подрачје на полициска единица
Вид
Настан
Надлежна полиција
СВР Тетово

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

На 28 септември полски државјани со четирицикли оштетиле влезна врата на воени магацини во местото Еребино, по што побегнале. Тројца од нив биле лишени од слобода следниот ден, а други четворица веднаш по настанот. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за неовластено влегување во воени објекти.

Оригинален текст од МВР

Извадок на дел од дневните настани 30.09.2026
На 29.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка ги лишија од слобода тројцата полски државјани К.В. (49), О.А.Б. (56) и С.К.З. (55), кои откако на 28.09.2026 со четирицикли (заедно со други четворица полски државјани кои веднаш беа лишени од слобода) оштетиле влезна врата од објект- воени магацини во место викано „Еребино“, по што се дале во бегство. По преземени мерки, тие се лишени од слобода поради сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти“ по член 350 став 1 од Кривичниот законик и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗