192 .mk Мапа на криминалот во Македонија

Четворица полски државјани приведени за неовластено влегување во воени објекти во Тетово

Од дневниот билтен на МВР од 29.09.2026

Кога
28.09.2026 околу 18:24
Времето е кога настанот е пријавен во полиција
Каде
Месност Еребино, кај воените магацини, Тетово
Населено место
Вид
Настан
Надлежна полиција
СВР Тетово
Јегуновце Желино Боговиње Брвеница Сарај Теарце Тетово
Тетово · Населено место Отвори во OpenStreetMap ↗

Што се случило

Резимето е напишано автоматски од текстот на МВР

Повеќе лица со четирицикли ја оштетиле влезната врата на објект кај воените магацини во месноста Еребино во Тетово. Војниците на стража задржале четворица полски државјани, кои потоа биле лишени од слобода поради сомнение за неовластено влегување во воени објекти. Полицијата трага по уште три лица кои побегнале со четирицикли.

Оригинален текст од МВР

Извадок на дел од дневните настани 29.09.2026
На 28.09.2026 во 18:24 часот, од страна на Воената полиција на АРМ, во СВР Тетово е пријавено дека во местото викано „Еребино“ во Тетово, каде се наоѓаат воени магацини, повеќе лица со четирицикли ја оштетиле влезната врата од објектот. Војниците кои биле на стража на лице место задржале четири лица, сите државјани на Полска: Х.М.А. (55), Д.К.В. (55), К.В. (41) и К.Ј.Р. (36), додека други три лица со четирицикли се дале во бегство. Четирите лица се лишени од слобода поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик „неовластено влегување во воени објекти“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите три лица и по документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗