Сообраќај · Сообраќајна несреќа
Тешки телесни повреди
Сопатничка тешко повредена во судир на автомобил и мопед на ул. „Александар Урдаревски“ во Скопје
Од дневниот билтен на МВР од 28.09.2026
- Кога
- 27.09.2026 околу 20:00
- Времето е кога настанот е пријавен во полиција
- Каде
- ул. „Александар Урдаревски“, Скопје
- Само град
- Вид
- Настан
- Надлежна полиција
- СВР Скопје
Што се случило
Резимето е напишано автоматски од текстот на МВРНа ул. „Александар Урдаревски“ во Скопје се судриле автомобил и мопед-трицикл со полуприколка, чиј 35-годишен возач немал возачка дозвола. Возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, а неговата 28-годишна сопатничка со тешки телесни повреди. Полицијата извршила увид, известен е јавен обвинител и по документирањето на случајот ќе следува соодветна пријава.
Оригинален текст од МВР
Извадок на дел од дневните настани 28.09.2026На 27.09.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје e пријавено дека на ул. „Александар Урдаревски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(53) од Скопје и мопед трицикл „томос“ со полуприколка без регистарски ознаки, управуван од Р.А.(35) од Скопје, кој не поседувал возачка дозвола. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот на мопедот Р.А., а со тешки телесни повреди неговата сопатничка 28-годишната С.М., констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ Скопје. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.Отвори го билтенот на mvr.gov.mk ↗